Економија, финансии, бизнис

Контакт

РОДИТЕЛИТЕ НА РИСТОВ ПРОДАЛЕ ИМОТ ЗА ФОТОВОЛТАИЦИ: Од тука биле парите, тврди Давидовиќ

РОДИТЕЛИТЕ НА РИСТОВ ПРОДАЛЕ ИМОТ ЗА ФОТОВОЛТАИЦИ: Од тука биле парите, тврди Давидовиќ

Одбраната на апелациониот судија Ѓоко Ристов ќе докажува дека тој нема никаква врска со 350-те илјади евра кои беа пронајдени заѕидани во домот на неговите родители во Неготино и дека средствата потекнуваат од продажба на имот за фотоволтаици, вредна над 400 илјади евра, пишува Слободен печат.

Адвокатот Звонко Давидовиќ, бранител на Ристов, по брифингот во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, изјави дека со финансиско вештачење ќе биде докажано дека парите се сопственост на таткото и мајката на судијата, а не на самиот Ристов.

Според Давидовиќ, Обвинителството, како што тврди, ја извртува тезата дека средствата потекнуваат од лозарство, иако, како што вели, постои нотарски заверен договор за продажба на имот и право на градба и поставување фотоволтаици, при што над 400.000 евра биле уплатени на сметка на мајката на осомничениот.

„Она што Обвинителството го премолчува, а го знае, е дека родителите на осомничениот продале имот и право на градба за фотоволтаици. Постојат и други извори на приходи на таткото и мајката кои ќе бидат детално образложени во вештиот наод и мислење“, вели Давидовиќ.

Тој тврди дека Обвинителството досега не изнело ниту еден доказ дека парите му припаѓаат на судијата, обвинувајќи дека со ваквите тврдења „ја замаглува вистината и создава конструкции во јавноста“.

Како дополнителен аргумент дека средствата не се сопственост на судијата, Давидовиќ посочува дека записникот за претрес бил потпишан од таткото на судијата, Здравко Ристов, а од самиот Ѓоко Ристов не бил одземен ниту еден денар.


Слично

Поврзани вести