Економија, финансии, бизнис

Контакт

РОДИТЕЛИТЕ НА ПОЧИНАТОТО 3-ГОДИШНОТО ДЕТЕНЦЕ СМЕТААТ ДЕКА ИМА ЛЕКАРСКА ГРЕЕШКА: ДСЗИ проверува дали било соодветно лекувано

РОДИТЕЛИТЕ НА ПОЧИНАТОТО 3-ГОДИШНОТО ДЕТЕНЦЕ СМЕТААТ ДЕКА ИМА ЛЕКАРСКА ГРЕЕШКА: ДСЗИ проверува дали било соодветно лекувано

Инспекциски надзори на Државниот санитарен и здравствен инспекторат денеска се вршат во неколку здравствени установи со цел да се утврди дали тригодишното детенце кое почина е соодветно лекувано. Инспекторите на ДСЗИ влегле во приватната здравствена установа каде што малиот пациент имал свој матичен лекар, потоа во Општата болница во Кавадарци, каде било лекувано и во Клиниката за детски болести во Скопје, каде што всушност била констатирана смрт.

Таткото на детето, Тони Стојанов вчера ги повика надлежните институции да испитаат дали имало лекарска грешка во третманот на нивниот син.

– Нашето синче ни почина во раце, а се сомневаме дека нашата ситуација не беше сфатена доволно сериозно – изјави тој за МИА.

Според неговото сведоштво, во вторникот рано наутро, околу 2.40 часот, сопругата го разбудила со зборовите дека нивниот син не се чувствува добро. Веднаш побарале помош во Општата болница во Кавадарци, но велат дека интервенцијата била недоволна, па детето било пренесено кон Скопје.

Дел од медиумите објавија дека, според родителите, болницата во Кавадарци одбила да го испрати детето кон Скопје со медицинско возило, па родителите тргнале кон Детската клиника со приватно возило. Но, за жал, детето починало по пат.


Слично

Поврзани вести