Родителите на починатите деца во Кочани доаѓаат на протест во Скопје
Родителите на загинатите деца во дискотеката „Пулс“ во Кочани за утре најавуваат уште еден протест под мотото „Марш на Ангелите“, но овој пат во Скопје.
„Ние, родителите на починатите деца, ќе организираме МАРШ НА АНГЕЛИТЕ на ден 29.04.2025 година (вторник) со почеток во 12 часот и 05 минути како симболика за задоцнета реакција во Скопје. Маршот ќе започне пред обвинителството во Скопје, ќе продолжи на градскиот плоштад во Скопје и ќе се продолжи пред собранието на Македонија“, објавија од таму.
Да нема забуни, манипулации и политизирање!!!
Се повикуваат сите граѓани на Македонија за присуство и подршка на семејствата на починатите деца, браќа, сестри, сопружници, членовите на омилениот бенд ДНК кои таа кобна ноќ 16.03.2025 год. трагично загинаа во пожарот во Кочани!!!“, објавено е во повикот.
