Родителите на „Маршот на ангелите“ во Кочани: Не и веруваме на директорката на УЈП
Родителите на починатите деца од пожарот во дискотеката „Пулс“ на денешниот „Марш на Ангелите“ во Кочани рекоа дека не и веруваат на директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, по вчерашната изјава.
Таа вчера изјави дека сопственикот на дискотеката „Пулс“ ја платил глобата што била изречена за констатирани неправилности при готовинските плаќања, поради што не била блокирана жиро сметката, а поради конфузија било запечатено работењето на кафе-барот што го поседувала истата фирма.
- Тоа диско немало ниту еден вработен, ни роба нема како набавувала, со блокарана сметка од август. Зошто не е затворена? Она ни вика „конфузија“ - по три месеци бил платен налогот, па чекај како е платен налогот од блокирана сметка? Некој на големо ќе одговара, ќе бараме писмено да се изјасни директорката, релпа мајките на починатите млади.
„После првата контрола платена е глобата, имало и запечатување на објектот, меѓутоа тука имаме два објекта во таа компанија, а така што настанува конфузија во однос на тоа кон кој објект била применета мерката запечатување. Запечатувањето било извршено на кафе-барот, додека кај дискотеката е применета мерката глоба и глобата била платена“, истакна директорката Петрова на вчерашната прес-сконференција во УЈП.
