Родителите на малолетниците кои силуваа и снимаа врсник повикани во полициска станица
Родителите и двајцата малолетници кои силуваа и снимаа врсник во Скопје биле во полициска станица, објави денеска дополнително МВР.
Од полицијата велат дека за случајот известен е и Центарот за социјални работи, а ќе биде поднесена пријава до Обвинителството.
Громорозниот чин во полиција го пријавила мајка на нападнатото момче, но од МВР засега не откриваат детали ниту за нападот ниту за возраста на напаѓачите и нападнатото момче.
Од штурото соопштение се дознава дека во текот на вчерашниот ден, во вечерните часови, мајката на нападнатото момче, случајот го пријавила во полициската станица Бит Пазар.
- На 27.04.2023 околу 22:43 часот во Полициската станица Бит Пазар, 39-годишна жена од Скопје пријавила дека на 21.04.2023 двајца малолетници со закана извршиле полово дејствие врз нејзиниот малолетен син, а настанот го снимале, по што видеото го споделиле на неколку лица.
Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот - наведуваат од МВР.
