„РОДИТЕЛИТЕ НА „ФИНИТЕ ДЕЦА“ ВАНДАЛИ СО ЧЕТКИ И МЕТЛИ ДА СРЕДУВААТ ШТО „ФИНИТЕ ДЕЦА“ УНИШТИЛЕ“: Латас го поддржа предлогот на Општина Центар
Општина Центар на ЗЕЛС предложила сите малолетници кои ќе се фатат во вршење вандализам да бидат прекршочно осудени на вршење јавна работа заедно со нивните родители. Оваа идеја наиде на поддршка од страна на новинарот Драган Павловиќ Латас, кој даде свој коментар на предлогот.
„Општина Центар предложила, сите општини (ЗЕЛС) прифатиле иницијатива малолетни кои вршат вандализам да бидат прекршочно осудени на вршење јавна работа но, заедно до нивните родители!
Подобра идеја за заштита на јавен имот и јавна култура одамна не сум слушнал.
Вулгаризмот и простаклукот со шкртање по зидови на згради и куќи, кршење клупи, кршење контејнери... да се плати со нивни пари за поправка, а родителите на 'фините деца' вандали со четки и метли да средуваат што 'фините деца' уништиле, и сите да бидеме среќни и задоволни“, напиша тој на социјалнтие мрежи.
