Родителите ќе плаќаат казна од 250 евра ако нивното дете врши насилство во училиште
Родителот ќе биде казнет со 250 евра за секое насилство сторено од детето, но и кога родителите ќе одбијат да соработуваат со училиштето - рече Јаневска.
Родителите на учениците кои ќе бидат инволвирани во насилство во училиштата ќе може да бидат казнети со 250 евра, најави министерката за образование и наука, Весна Јаневска.
Ваквата мерка е предвидена со измените на Законот за основно образование, кои се подготвуваат по зачестените случаи на врсничко насилство што предизвикаа силни реакции во јавноста.
Според најавите, паричната казна нема да се однесува само на случаите кога ученик ќе изврши насилство, туку и на ситуациите кога родителите нема да прифатат соработка со училиштето, стручните служби и надлежните институции.
Од Министерството за образование и наука посочуваат дека целта на измените е да се зголеми одговорноста на родителите и семејството во превенцијата и справувањето со насилството меѓу учениците.
Новите законски решенија, според најавите, се во завршна фаза и наскоро треба да бидат доставени до Собранието.
