Економија, финансии, бизнис

Контакт

РОДИТЕЛИ ВНИМАВАЈТЕ: На „Тик-Ток“ има видеа со повик за самоповредување

РОДИТЕЛИ ВНИМАВАЈТЕ: На „Тик-Ток“ има видеа со повик за самоповредување

Полицијата излезе со предупредување до родителите за видеа кои се појавиле на  социјалната мрежа „Тик-Ток“, а во кои има повик за самоповредување. 

Во Министерството за внатрешни работи добиле известување од Интерпол дека на социјалната мрежа „Тик Ток“ од профили од Русија и Израел се шири повик за самоповредување.

„Нема таков случај ниту на територија на нашата држава ниту на околните држави од она што го контактиравме со соседните полиции. Ние сакаме да апелираме на време за да се избегнат несакани случувања“, изјавија од МВР.

Периодов имаше повеќе случаи каде се објавуваа видеа со насилна содржина. Во Ресен малолетници сквернавеа гробишта. Претходно, момче палеше шума, имаше видео каде две момчиња тепаа друго момче, видео каде се шегуваа со брзата помош и слично. 

Слично

Поврзани вести