РОДИТЕЛИ НА ЗАГИНАТИТЕ ВО КОЧАНИ: Нашиот молк нема да трае долго како вашето судење
Во Кочани денеска се одржа седмиот „Марш на ангелите“ на кој излегоа семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“.
„Нашиот глас е гласот на оние кои трагично заминаа во огнот, молк што зборува повеќе од илјада зборови. Но, нашиот молк нема да трае долго како вашето судење”, порачаа семејствата.
Носеа транспаренти на кои пишува „Ефективен притвор”, „Секој може да е следен”, „Системот убива”, „Не чекајте катастрофа-дејствувајте сега”, „Моќта на луѓето е посилна од луѓето што се во моќ“.
Слично
