РОДИЛКА ОД УКРАИНА СЕ ПОРОДИ ВО ЧАИР: На свет донесе девојче
Министерот за здравство,
Беким Сали објави убави од Гинекологија во Чаир, посочуваќи дека родилка од
Украина донесе на свет девојче.
-Оксана од Украина донесе на свет девојче тешко 3.890 кг и долго 54 см. Мајката Оксана и новороденчето се во добра состојба. За нив се грижи тимот од гинеколози, педијатри и медицински сестри кои се во сигурни раце.
Во разговор таа ме извести дека е задоволна од здравствената услуга и дека се чувствува добро.
Ѝ посакав добро здравје и многу среќни моменти.
Слично
