Економија, финансии, бизнис

Контакт

Родилка од Делчево починала, откако прво и била извадена слезинката во Штип

Родилка од Делчево починала, откако прво и била извадена слезинката во Штип

Родилка од Делчево починала на Клиниката за анестезија и реанимација во Скопје, по масовно крварење.

Жената на возраст од 26 години имала повреда на слезинка, која и прснала и била извадена на штипската болница, од каде била транспортирана во Скопје вчера попладне во тешка состојба.

На КАРИЛ веднаш била внесена во сала, а во еден момент настапило масовно крвавење

Директорот на штипската болница Ален Георгиејев за ТВ24 го потврдил случајот, а детали најавил за утре.

Засега не се знае од која причина настапила повредата на родилката, а единствено се знае дека за 26-годишната ова требало да биде прво породување.

Новороденчето се наоѓа на Детската Клиника во Скопје, потврди за МИА, директорката Стојка Нацева-Фуштиќ. Таа посочи дека детето е на интензивна и е на механичка вентилација.


Слично

Поврзани вести