Родилка и бебе починале по пораѓање во ГАК
На Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје вечерва животот го загуби родилка, откако претходно починало и нејзиното бебе, потврдуваат од таму за Канал 5.
Вчера бил извршен оперативен зафат со царски рез над родилката и било констатирано дека бебето е мртво.
Директорката на Гинекологија, Викторија Јовановска која повеќе детали најави за утре.
Жената која се пораѓала во клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“ била во 12-та недела од бременоста и досега имала шест абортуси и шест раѓања.
Нејзиното семејство пак тврди дека по два часа од прегледот на пат кон дома искрварила по што била вратена назад на операција.
Слично
