Економија, финансии, бизнис

Контакт

РОДИ МЕ МАЈКО СО КСМЕТ И СТАВИ МЕ ГЛАВЕН АСИСТЕНТ НА ДИРЕКТОРОТ, ПЛАТАТА Е НАД 59.000 ДЕНАРИ - еве во кое јавно претпријатие некој ќе се усреќи

РОДИ МЕ МАЈКО СО КСМЕТ И СТАВИ МЕ ГЛАВЕН АСИСТЕНТ НА ДИРЕКТОРОТ, ПЛАТАТА Е НАД 59.000 ДЕНАРИ - еве во кое јавно претпријатие некој ќе се усреќи

Интересен оглас осамна на сајтот Вработување.мк. Се бара јавен службеник во Јавно претпријатие, кој замислете, ќе зема нето плата од близу „еден бон“, или да бидеме попрецизни, нето од 59.000 денари. А ќе треба да се ангажира како главен асистент на директорот на тоа скопско јавно претпријатие. Не дека таа плата е огромна, ама прашањата што веќе се појавија во јавноста откакпо огласот станба вирален, е со што овој асистент ќе ги заслужи овие примања, уште непочнат со работа. А се отворија и дилемите, дали можеби не станува збор за веќе одбран кадар, па огласот се прави само колку да се задоволат неопходните законски процедури. 

Главниот асистент на директорот треба да ги исполнува следниве општи услови: да е државјанин на Република Северна Македонија, а ктивно да го користи македонскиот јазик, да е полнолетен, да има општа здравствена способност за работното место, со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност, како и посебни услови: ниво на квалификациите VIА според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на организациони науки и управување (менаџмент) или правни науки, најмалку 6 години работно искуство во струката, од кои најмалку 2 години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку 10 години работно искуство во струката, од кои најмалку 3 години на раководно работно место во приватен сектор, како и општи работни компетенции: решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг, учење и развој, комуникација, остварување резултати, тимска работа, стратешка свест, ориентираност кон странките или засегнатите страни, раководење, финансиско управување, посебни работни компетенции, активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, потврда за положен испит за административно управување, активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија, односно англиски, француски, германски.

Работни часови неделно се 40, работното време е од 07:30 до 15:30 часот. 

Паричниот износ на нето платата е прецизно 59.160 денари.

Условите наведени во огласот кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавување во електронска форма преку корисничкиот профил креиран на интернет страницата на Агенцијата за администрација.

Рокот за пријавување изнесува 15 дена, сметано од денот на објавувањето на огласот. По истекот на рокот за пријавување, огласот ќе биде отстранет од интернет страницата на Агенцијата.

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести