Економија, финансии, бизнис

Контакт

Родените во „Систина - Злокуќани“ ќе може да бидат родени во Скопје

Родените во „Систина - Злокуќани“ ќе може да бидат родени во Скопје

Синоќа во Собранието беа изгласани измените на Законот за матичната евиденција со кои се овозможува постапката за исправка на местото на раѓање во матичната книга на родените, ретроактивно за децата родени во период од април 2010 до декември 2010 година во болницата „Систина“ – Злокуќани или во друга приватна здравствена установа на територија на Град Скопје.

„Денес усвоен и законот со кој родителите на децата родени во 2010 година во Систина и други здравствени установи на територија на град Скопје може да побараат измена и како место на раѓање на нивните деца да биде заведен градот Скопје! По објавување на законот во Службен весник, родителите можат да поднесат барање за измена во изводот од матична книга на родени!“, објави доцна синоќа Рената Дескоска, министерката за правда.

Овие измени се во насока на решавање на проблемот со децата родени во болницата Систина во посочениот период а на кои во изводот од матичната книга на родените како место на раѓање впишано им е Злокуќани, а не градот Скопје. Со тоа ќе се овозможи промена на местото на раѓање од Злокуќани во Скопје ретроактивно за децата родени во горе посочениот период.

Ова се однесува и на децата родени во друга приватна здравствена установа на територија на Град Скопје“, се вели во образложението 


Слично

Поврзани вести