РОДЕН Е ВО СКОПЈЕ, СТАНА ПОЛКОВНИК ВО СИРИЈА: Koj e Абу Катада Аљбани кој е спремен да го брани Косово?
Абу Катада Аљбани е роден во Скопје на 25 септември 1976 година под името Абдул Јашари. Тој тврди дека бил на боиштата на Блискиот Исток, главно во Сирија, во последните 12 години. Единицата „Џамати Албан“, наведува тој, е основана во 2012 година и била активна во сите големи битки во северозападна Сирија.
Во изминатите 10 години, Абу Катада Аљбани ја предводеше групата „Џемати Албан“ која се состои главно од Албанци од Косово и од Македонија, а денес е во владата на Сирија и е под санкции на САД за тероризам, објави српски Информер.
Абу Катада Аљбани, Албанец од населбата Чаир во Скопје, истакнува дека прави сѐ за Дамаск да го признае Косово, но дека ниту Приштина ниту Тирана не прават доволно на тоа.
„Во исто време, за среќа и за жал, има барање до новата сириска влада да ја признае независноста на Косово, но жално е што ова барање не го достигна соодветното ниво бидејќи беше испратено од ниво на заменик-министер за локална самоуправа, како што се сеќавам“, изјави Аљбани пред само неколку дена.
Тој објасни дека барањето требало да го поднесат косовските власти. Претходно, во неколку изјави за медиумите, Аљбани истакна дека не жали што ги води Албанците кои се бореле во Сирија и дека работи на признавање на Косово од Сирија. Во интервјуто, што беше емитувано на 2 јануари, Аљбани рече дека неговите борци се подготвени доколку Србија го нападне Косово.
По соборувањето на сирискиот претседател Башар ал Асад на крајот на минатата година, Абдул Јашар, попознат како Абу Катада Аљбани, доби чин полковник во Сирија. Тој беше во група од само неколку странци кои тоа го заслужија.
