Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рочиштето за „Диво насеље“ затворено за јавноста, ќе се презентираат транскрипти

Рочиштето за „Диво насеље“ затворено за јавноста, ќе се презентираат транскрипти

Новото судско рочиште  во случајот „Диво насеље“ денеска продолжува зад затворени врати во големата сала на Врховниот суд. 

Судењето е затворено за јавноста затоа што ќе бидат презентирани транскрипти и извештаи од посебните истражни мерки на Управата за безбедност и контраразузнавање. 

Судската постапка се води против 29 лица,  кои се товарат за тероризам и терористичка организација за настаните поврзани со случувањата од 9 и 10 мај 2015 година во Куманово. Случајот подоцна се спои со „Молња“ во кој се води постапка против осум лица, кои биле логистика на вооружената група од Диво насеље. 

На 9 и на 10 мај лани во Куманово вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група.

И денеска делот околу судот е под силно полициско обезбедување. 


Слично

Поврзани вести