РОЧИШТЕ ЗА УБИСТВОТО НА КУЧЕТО ФЕЛИКС: Љубе Крстевски не се чувствува виновен
Љубе Крстевски не се чувствува виновен за убиството на кучето Феликс.
Крстевски и Бранко Билбиловски на денешното рочиште во Кривичниот суд се изјаснија за невини за убиството на кучето Феликс, кое крвнички, со шипка го тепаа по главата десетици пати во ноември минатата година, а почина во јануари годинава, по педесетина дена борба за живот во ЈП „Лајка“. Настанот се случи во складиште во Момин Поток, а на снимките од надзорните камери се гледа како Крстевски безмилосно го удира кучето. Снимките од надзорните камери ќе ги разгледуваат на следното рочиште. Наредното рочиште ќе се одржи на 23 мај во 9 часот.
Слично
