Економија, финансии, бизнис

Контакт

РОЧИШТЕ ЗА СЛУЧАЈОТ „РЕКЕТ“: Денеска завршни зборови

РОЧИШТЕ ЗА СЛУЧАЈОТ „РЕКЕТ“: Денеска завршни зборови

На денешното рочиште за „Рекет“, завршни зборови треба да каже Обвинителството за борба против организираниот криминал, а потоа и одбраната на обвинетите во овој судски процес. Инаку, обвинетата во случајот „Рекет“, поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, на последното рочиште ги отфрли обвиненијата, нагласувајќи дека својата функција во СЈО ја вршела согласно законите.

Во случајот „Рекет“, првообвинет е Бојан Јовановски – Боки 13, кој се товари дека влијаел кај специјална обвинителка Јанева, за осомничениот во предметот „Империја” Јордан Камчев, да добие поблаги мерки во истражната постапка. 


Слично

Поврзани вести