Економија, финансии, бизнис

Контакт

Робин О Нил: Македонија да го прифати договорот дури и ако Грција го одбива

Робин О Нил: Македонија да го прифати договорот дури и ако Грција го одбива

Договорот со Грција нуди чесно и логично решение на спорот за името кој се одолговлекуваше премногу долго, вели Робин ОНил во интервју за Фактор. Поранешниот медијатор за името, меѓу Македонија и Грција тврди дека е добро што македонскиот Парламент ја изгласа одлуката за уставните измени. Со О Нил разговаравме за можните сценарија ако нешто тргне во друга насока и во Грција, каде се разгорува политичката криза.

„Можеби најважната одредба е дека новото име „Република Северна Македонија“ го препознава идентитетот на републиката преку зачувување на името „Македонија". Токму ова прашање доведе до неуспех на преговорите што ги водев во име на Европската заедница (сега Европската унија) во 1992 година. Македонија беше подготвена да го прифати името „Република Македонија (Скопје), но тогашната грчка влада одби да размислува за какво било име што го вклучува зборот Македонија. Не верував дека можам чесно да ја притискам Македонија да го прифати тоа барање од Грција.

Дали ќе има какви било влијание на ратификацијата оставката на еден од потписниците, грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас?

„Договорот беше склучен меѓу премиерите на двете земји, а сега колку што знам премиерот ќе ги преземе и функциите на министерот за надворешни работи. Очекувам дека спроведувањето на Договорот ќе продолжи.

Министерот за одбрана на Грција Каменос вели дека неговата партија, која е во коалиција со владејачката  нема да гласа за ратификацијата на Спогодбата од Преспа.

„Од суштинско значење е стапувањето во сила на Спогодбата и верувам дека грчкиот Парламент ќе го ратификува овој договор.Откако двете страни ќе го ратификуваат договорот, тој има обврзувачка сила во меѓународното право.

Договорот бара од Република Македонија да го заврши процесот на ратификација и да го дополни Уставот пред Грција да преземе мерки за нејзино ратификување. Поради тоа, Република Македонија има силен интерес за завршување на овие фази, додека сегашната грчка влада е на власт.

Што ако не одат глатко процесите ни овде ни таму?

Мој силен совет е Република Македонија во секој случај да ги преземе неопходните мерки за промена на своето име во Република Северна Македонија, име кое го почитува македонскиот идентитет и логично во географска смисла. Република Северна Македонија потоа може да биде признаена од страна на Обединетите нации под тоа име, а на Грција ќе и биде тешко да се спротивстави на членството на Македонија во Европската унија и во НАТО.

Дали има ли гаранции за ова?

„Преспанскиот договор влегува во сила само кога двете страни го ратификуваат. Ако Грција не го ратификува, Македонија не е обврзана со ниту една од неговите одредби. Сепак сметам дека во корист на Македонија е да го смени своето име, дури и ако договорот не стапи на сила. Позицијата на Македонија во Обединетите нации и со НАТО и ЕУ ќе стане многу посилна, а за Грција ќе биде лошо ако се спротивстави на тоа Македонија да стане членка на двата сојуза. Значи прифатете го новото име сега како слободна и независна одлука.

Ѓ.Т.

Слично

Поврзани вести