Економија, финансии, бизнис

Контакт

Робин О Нил: Сите членки на ЕУ да се согласат и Македонија да почне преговори веднаш

Робин О Нил: Сите членки на ЕУ да се согласат и Македонија да почне преговори веднаш

Сите членки на Европската Унија мора да и’ кажат на Бугарија, дека следејќи го советот на Комисијата, нема никаква пречка за почнување на преговорите со Македонија, вели  Британскиот амбасадор и прв медијатор во грчко-македонските односи за државното име Македонија, Робин О’Нил за Гласот на народот

„Ако има спор меѓу Бугарија и Македонија, како што тврди Софија, време за преиспитуавање на овој проблем е кога ќе завршат преговорите за членство предводени од Комисијата на ЕУ и откога Комисијата ќе му даде препорака на Советот на министрите на ЕУ, дека Македонија ги исполнува условите за членство. Преговорите за членство треба да започнат сега, вели О Нил. 

Додава дека во меѓувреме, Бугарија и Македонија треба да работат на решавање на наводниот спор, веројатно преку работа на Заедничката комисија. Вели дека се надева дека сите други земји-членки на ЕУ ќе кажат истовремено, дека не го сметаат спорот поткренат од Бугарија за суштински, бидејќи е историски, не се однесува на сегашниот идентитет на двете држави, од аспект на нивните погледи како пречка за членство на Македонија. 

„Со трпеливост и притисок врз Бугарија од другите држави на ЕУ и особено претседателството со Советот на министрите, не гледам друга причина која Бугарија не би можела да ја надмине. Исто така, се надевам дека во работата на Заедничката комисија, Македонија ќе ги препознае чувствата на Бугарија за прашања што не се од вистинска важност. Важно е да се добие членството во ЕУ, вели амбасадорот Робин О’ Нил

Слично

Поврзани вести