Економија, финансии, бизнис

Контакт

Робертсон, Солана, Билд и Лероа го охрабруваат НАТО и ЕУ „да и дадат шанса на Северна Македонија“

Робертсон, Солана, Билд и Лероа го охрабруваат НАТО и ЕУ „да и дадат шанса на Северна Македонија“

Членовите на Охридската група која како пријателска лоби-група изминатиот период  ја формираше македонската влада преку упатено писмо бараат премиерите на земјите членки на ЕУ да дадат датум за преговори за Република Северна Македонија. Во еден дел од текстот на писмото земјата е именувана и како Северна Македонија, името кое е договорено помеѓу Скопје и Атина.

“Силно ги повикуваме лидерите на НАТО и Европската Унија да ја поканат Република Северна Македонија да започне пристапни преговори кога ќе се сретнат до крајот на месец јуни и на почетокот на идниот месец“, се вели во еден од параграфите од писмото.

На писмото се потпишани екс генералните секретари на НАТО, лорд Џорџ Робертсон и Хавиер Солана, амбасадорот Волфганг Ишингер, екс претседателот на Бугарија Росен Плевнелиев, екс шведскиот министер Карл Билд и францускиот дипломат Алан Лероа - сите познати по своите поранешни активности во Македонија.


Слично

Поврзани вести