Економија, финансии, бизнис

Контакт

Роберт Поповски: Оваа Влада е најтранспарентна досега

Роберт Поповски: Оваа Влада е најтранспарентна досега

Министерот без ресор задолжен за комуникации, транспарентност и отчетност Роберт Поповски одржа прес конференција на која ги претстави преземените мерки во изминатиот период за одржување фер избори, за подобрување на состојбата во јавната сфера и секако за заложбата за поголема отвореност на владините институции. Поповски посака фер и демократски избори на кои граѓаните ќе може слободно да ја изразат својата волја.

- Една од првите мерки што беше донесена, беше одлуката за стопирање на владините реклами. Рекламирањето не е транспарентно и отчетно информирање, туку, многу повеќе пропаганда, која се злоупотребуваше во изборните циклуси што ги организираше претходната влада.

Во пресрет на изборите, Владата донесе Декларација за заложби за слободни и фер избори. Усвоивме и дистрибуиравме прецизно Упаство за начинот на постапување на премиерот, министрите во владата, и на сите останати државните функционери, за забрана за користење на државна ресурси, како возила, опрема и останато за време на изборната кампања.

Владата ги повика органите на државната управа да ги преземат сите неопходни законски мерки за да го гарантираат неприкосновеното избирачко право на секој граѓанин. Ги повикуваме вработените во државните институции да пријават доколку врз нив се врши притисок во однос на нивното право на слободен избор, рече Поповски.

Министерот без ресор ги посочи и преземените мерки за подобрување на работата на медиумите како и отвореноста кон јавноста.

- Владата усвои изјава за изразување на силна политичка волја и поддршка од Владата и институциите за континуирана примена на Етичкиот кодекс за медиумско известување.

Речиси и да не помина ден без прес конференција. Понекогаш и по две или три во еден ден. За да ги презентираме владините политики, мерки и акции, да ја понудиме на јавноста нивната оправданост и да побараме оценка и мислење од граѓаните, од вас медиумите, од стручната јавност.

Ова е прв владин состав, што на ваков начин, отворено, без предрасуди и комплекси и пристапува на јавноста.

За таа цел, беше неопходно да формираме професионален сектор за комуникации, како сервис за граѓаните, за новинарите и медиумите, истакна Поповски.

Министерот посочи и дека во наредниот период ќе се води дебата за законските решенија за медиумите, а се преземаат мерки и за подобрување на слободата на говорот и независното и истражувачко новинарство.


Слично

Поврзани вести