Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ризиците за монетарната политика се втемелија во македонската економија

Ризиците за монетарната политика се втемелија во македонската економија
Штедењето забавено расте, депозитите на компаниите се намалуваат. Народната Банка го објави најновиот Извештај за октомври во кој се посочува дека “Ризиците за монетарната политика се присутни и понатаму и се идентични со претходно утврдените ризици“. Според последните мерења на НБРМ, забавува темпото и на штедење и на кредитирање. “Вкупниот депозитен потенцијал на банките во октомври продложи да расте со забавена годишна динамика од 5,5% наспроти 5,7% во сепетември, во услови на забавен раст на депозитите на домаќинствата и истовремено намалување на депозитите  на корпоративниот сектор“ – пишува во Извештајот на НБРМ. Додека кај домаќинствата има “стабилен раст“ на кредитирањето, кај приватниот сектор продолжува трендот на намалено кредитирање.

“Вкупните кредити кон приватниот сектор во октомври забележаа намалување, што услови забавување на годишната стапка на раст од 5,9 отсто, наспроти 6,7 отсто во септември“ – се посочува во анализата.

Во последните три месеци е забележано континуирано намалување на придонесот, односно на учеството на кредитите на приватниот сектор во вкупниот кредитен раст. Народната Банка регистрира и уште еден карактеристичен тренд во октомври. Иако се забележува месечен пад на кредитите, покриеноста со депозити се намалува. “Во октомври покриеноста на кредитите со депозитите умерено се намали од 91,4% во септември до 90,4%, во услови на месечен пад на кредитите.“ – се вели во извештајот. Во континуитет од три месеци, каматните стапки на  депозитите и на кредитите останале на сито ниво. Редакција Фактор
Слично

Поврзани вести