РИЗИК ОД НИВО 3 ЗА НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Еве кои делови од земјава ќе бидат на удар
Професорот по метеорологија Владо Спиридонов, сподели предупредување за зголемен ризик од невреме во делови од земјава.
Предупредувањето е за денешниот ден, кога се очекуваат грмежи, врнежи, можна појава на град и ветер.
„Македонија – Зголемен ризик од нестабилно време
Важи за: Вторник, 06.05.2025 (од пладне до доцна вечер)
Синоптички преглед: Македонија ќе се наоѓа под влијание на долина со намален притисок и прилив на малку поладен воздух од северозапад, што ќе создаде услови за формирање фронтални бранови со развој на конвективна нестабилност и неповолни временски појави.
Ниво 3 (зголемен ризик) е активиран во повеќе области кои ги прикажува алаткатa NOTHAS, особено во источните и југоисточните делови на Македонија, каде се можни:
поинтензивни врнежи од дожд
локални грмежи
краткотраен град
засилен ветер во зоните на нестабилност
Апелираме за внимателност при движење и активности на отворено, особено во попладневните часови“, објави професорот.
