РИВАЛИТЕ СЕ РАКУВАА: Ѓорѓиевски и Шукова насмеани ставија потпис на Кодексот за фер и демократски избори
Кандидатите за градоначалник на Скопје на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Орце Ѓорѓиевски и Каја Шукова расположено се поздравија на денешното потпишување на Кодексот за фер и демократски избори.
Ѓорѓиевски, кој ги објави фотографиите, рече дека ставил потпис со голема чест и одговорност.
„Овој потпис е јасна и јавна обврска дека како кандидат за градоначалник на Скопје на претстојните локални избори ќе бидам гарант за процес кој ќе биде транспарентен, фер и достоен за доверба“, напиша Ѓорѓиевски на Фејсбук.
Шукова пак, ги „прескокна“ фотографиите со него и не ги сподели на социјалните мрежи. Но, се обврза на кампања во духот на демократските вредности.
„Верувам дека изборите мора да бидат водени со почит, транспарентност и фер натпревар, затоа што граѓаните заслужуваат процес во кој секој глас има еднаква тежина“, напиша Шукова.
Покрај нив, потпис ставија и другите кандидати за градоначалници.
