Ристовски за 27 април: Исчезнаа тврдењата дека јас сум праќал пораки
Исчезна и тоа дека на 27ми април на осмиот кат сум го организирал членството да тргне кон Скопје, при што и сум го организирал нивниот превоз, изјави денеска во суд, Спиро Ристовски, поранешниот министер обвинет за органирање на настаните од 27 април.
„Исчезнаа тврдењата дека јас сум праќал пораки – лицата за интервентни ситуации бидете на готовс“, рече тој.
Вели дека од 22 април немал комуникација со екс премиерот Никола Груевски.
Ристоски додаде дека 2 и пол години бил во притвор за дејствија кои во завршните зборови обвинителството со измената на обвинителниот акт потврдило дека тој не ги сторил. Дополнително биле отфрлени сите дејствија кои му се ставале на товар затоа што обвинителството немало докази.
На претходното рочиште зборуваше обвинетиот Трајко Велјановски кој истакна дека на 27 април 2017 година бил посветен на завршување на конститутивната седница.
