Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ристовски ја претвори партијата во секта, обвини Зафировски

Ристовски ја претвори партијата во секта, обвини Зафировски

Eкс потпретседателот на партијата Интегра, Воислав Зафировски заедно со дел од досегашни структури на Интегра влегува во ВМРО-ДПМНЕ.

Зафировски денеска го обвини претседателот на Интегра, Љупчо Ристовски дека ја претворил партијата во секта.

Вели дека од Интегра во ВМРО-ДПМНЕ преминуваат и меѓународниот секретар на партијата, носителот на изборната листа од петтата изборна единица, координаторот на шестата изборна единица, како и други носители на различни функции во рамки на претседателството, но и лидерските тимови на Интегра. Покрај членовите на претседателството, вели Зафировски, во ВМРО-ДПМНЕ преминуваат поголемиот број претседатели и членови во општинските комитети на Интегра во Карпош, Центар, Велес, Битола, Ресен, Демир Хисар, Штип, Новаци, Могила, а најава има и од поголем број други општински комитети.

Од Интегра претходно соопштија дека Зафировски е разрешен. 

Првиот човек пак на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пак изјави дека Интегра се интегрира во ВМРО-ДПМНЕ и дека опозицијата се окрупнува. 

На изборите Интегра освои 12.000 гласови, но не доби пратеничко место во Собранието. 

Слично

Поврзани вести