ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

РИСТОВСКИ ЦЕЛ ДЕН ДОБИВАЛ ЗАКАНИ И НАВРЕДИ, СЕГА ОБЈАСНУВА: „Кога некој е неуспешен во некоја работа, најлесно е да пишува по социјалните мрежи и да шири невистини“

РИСТОВСКИ ЦЕЛ ДЕН ДОБИВАЛ ЗАКАНИ И НАВРЕДИ, СЕГА ОБЈАСНУВА: „Кога некој е неуспешен во некоја работа, најлесно е да пишува по социјалните мрежи и да шири невистини“

Откако на социјалните мрежи пристигнаа низа обвинувања до Министерот за спорт, Борко Ристовски, а критики пристигнаа и од скопската градоначалничка Арсовска и градоначалникот на Карпош, Стевче Јакимовски, на социјалните мрежи уште еднаш се огласи Ристовски.
Денеска цел ден добивам пораки од граѓани со неточни, паушални, па дури и навредливи тврдења кон мене и кон институцијата што ја водам како министер.

Не сакам да споменувам имиња на градоначалници и градоначалнички, имиња кои се веќе завршени приказни во политиката, а некои чекаат и извршување на затворски казни, во контекст на организацијата на Европскиот младински олимписки фестивал ЕМОФ Скопје 2025.

Ќе потсетам дека на прес конференцијата на 6 април посочив дека ова е голем настан од кој спортот треба да има бенефит пред се поради големиот број на македонски учесници. Да потсетам дека од нас помош беше побарана во последните 90-100 дена. Сугерирав дека ние немаме капацитет и моќ, но добивав уверувања дека организаторот ќе се справи со предизвикот.

Тоа што беше побарано од институцијата што јас ја водам како министер беше исполнето во целост!

И пак ќе потсетам дека Министерството за спорт не е официјален организатор на ЕМОФ Скопје 2025! Ако некој треба да сноси одговорност за пропустите во организацијата тоа се оние што ја презедоа одговорноста и обврската да го организираат настанот. Пропустите се резултат на неспособноста на една градоначалничка и на одговорните луѓе во МОК!

Министерството за спорт ќе продолжи да работи со сите институции во рамките на своите надлености, но нема да молчи пред невистини и обиди за дефокусирање од реалната слика.

Работата не се средува со преписки и со пишување статуси на Фејсбук, туку со соочување со реални факти и аргументи.

Кога некој е неуспешен во некоја работа, најлесно е да пишува по социјалните мрежи и да шири невистини.

СПОРТОТ ЌЕ ЖИВЕЕ!, напиша тој.



ad
Слично

Поврзани вести