Ристовска: Не работиме по нарачки, туку врз основа на докази
Тврдењата дека СЈО работи по налог на одредени партии, денеска обвинителката Ленче Ристовска од СЈО категорично ги отфрли.
„Ние не работиме по нарачки ничии и работиме врз основа на докази. Дека се обидуваме да влијаеме на изборниот процес, тоа апсолутно не е точно. Сосем случајно е да биде пред изборната кампања“ – вели Ристовска.
Таа вели дека работат професионално. Додаде дека истраги отвараат кога ќе имаат доволно докази.
Обвинителство кое се бори против криминал и се бори за владеење на правото не може да биде неуставно, рече денеска обвинителката Ленче Ристовска од СЈО.
фото Фактор
Слично
