Економија, финансии, бизнис

Контакт

РИСТОВ: Во бегство се 23 затвореници од струмичкиот затвор

РИСТОВ: Во бегство се 23 затвореници од струмичкиот затвор

Во бегство се 23 затвореници од струмичкиот затвор. Раководството на затворот вели дека ова е поразително. 

„Во моментов од Казнено-поправната установа Затвор Струмица во бегство се 23 затвореници“, соопшти новоименуваниот в.д. директорот на затворот Зоран Ристов.

Вкупниот капацитет на КПУ Затвор Струмица изнесува 62 лица и во него се извршува казна затвор до три години, казна затвор за сторен прекршок и изречена мерка притвор во согласност со судско решение. Во затворот казна издржуваат лица од Струмица, Кочани, Штип, Виница, Делчево, Берово и Радовиш.

На Редит претходно беше објавена мапа со стапката на бегства од затвор во Европа, при што Македонија е обоена со темно црвена боја, односно има најмногу бегства. 

Податоците се од Советот на Европа и се однесуваат за 2019 година. Наведено е дека имало 691 бегство од затвор во земјава. Тоа е огромна бројка ако се земе предвид дека во многу поголеми земји од Македонија има по неколку случаи.  Сите држави во регионот се во многу подобра положба од Македонија, односно имаат многу малку бегства од затвор. 

фото принтскрин

Слично

Поврзани вести