Економија, финансии, бизнис

Контакт

РИСТОВ СУДЕЛ ВО „ТАРГЕТ ТВРДИНА“, ВО „ТРЕЗОР“, ВО „ТНТ“, „МЕТАСТАЗА“, „АЛБАТРОС“, „БУМЕРАНГ“....Долг е багажот на судијата во правосудниот систем

РИСТОВ СУДЕЛ ВО „ТАРГЕТ ТВРДИНА“, ВО „ТРЕЗОР“, ВО „ТНТ“, „МЕТАСТАЗА“, „АЛБАТРОС“, „БУМЕРАНГ“....Долг е багажот на судијата во правосудниот систем

Судијата осомничен за корупција, Ѓоко Ристов, има значаен „багаж“ во правосудниот систем. Во 2020 година тој стана судија во Апелациониот суд, каде што одлучувал за предмети поврзани со поранешниот шеф на поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, отворени од СЈО – „Таргет – Тврдина“, кој се однесува на масовното прислушување, како и „Трезор“, што се однесува на набавката на британска опрема за следење на електронските комуникации. Тој исто така бил судија-известител во предметот на СЈО „ТНТ“, кој се однесува на уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски, пишува Тв 21.

Додека бил судија во Кривичниот суд во Скопје, Ристов го судел предметот „Метастаза“, кој се однесува на злоупотреби со инвалидски пензии, предметите „Албатрос“ и „Бумеранг“, поврзани со мито од службени лица, предметот „Изгрев“, кој се однесува на злоупотреби со имотот на МПЦ, како и предметот „Тотал“, отворен од поранешното Специјално јавно обвинителство, во кој обвинет беше новинарот Драган Павловиќ – Латас.

Поранешниот претседател на Судскиот совет, Зоран Караџовски, за ТВ21 вели дека во сите судски предмети каде што ќе се утврди корупција, постапките треба да се повторат, бидејќи во нив не била делена правда, туку мито.

Според него, потребно е итно да се спроведе ветинг во правосудниот систем.




Слично

Поврзани вести