Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ристоска: Тајна ќе остане зошто сите предмети се на буквата Т

Ристоска: Тајна ќе остане зошто сите предмети се на буквата Т

Обвинителката Ленче Ристоска од Специјалното јавно обвинителство во Топ тема на телевизија Телма вечерва изјави дека засега е тајна зошто сите предмети се на буквата Т. 

„Тоа ќе го кажеме на крајот на нашиот мандат“- рече Ристоска. 

Обвинителката потенцираше дека работата на СЈО не е завршена и најави дека без разлика кој од која партија е, ќе биде  гонет ако има докази за тоа.

Ристоска рече дека доколку не се продолжи мандатот на СЈО, прислушуваните разговори кои ги имаат нема да останат во сеф.

Таа објасни дека СЈО започнало со истрага прво од постарите материјали пред законски да застари кривичното дело кое било сторено ако се докаже.

„Од моментот кога ние ги добивме, снимките кои ги има СЈО се чуваат во сеф. Но, постои протокол кој од нас кога ги слушнал одредени материјали. Имаме и побарано меѓународна правна помош за некои снимки, на пример од Ју-туб за ај-пи адресите во однос на снимките кои беа објавени“ - кажа Ристоска. 

Претседателот Ѓорѓе Иванов не поднел барање за да добие информација дали бил прислушкуван. 

Слично

Поврзани вести