Ристоска: Ќе бараме замрзнување на имот
Обвинителката Ленче Ристоска од СЈО денеска на прес-конференција рече дека се сослушани над 260 сведоци, за перењето пари кое го вршело ВМРО-ДПМНЕ.
Вели дека обврските на партијата не се подмирени и можно е тоа да има даночни импликации.
Таа рече дека ќе побараат и замрзнување на имот. За ова има 12 барања.
Ристоска вели дека во 2014 година на име чланарини се вршеле уплати 40 дена и се собрани над 20.000 евра.
„Сето ова упатува дека средставата не потекнуват од лицата од кои се уплатени“ - изјави Ритоска.
Обвинителката објасни дека уплатниците се пишувани со ист ракопис.
Дневно се создавале обврски на партијата повеќе од 2000 евра.
Слично
