Ристоска до Мицкоски откако премиерот „ја отстрани од селекција“: Изборот треба да биде заснован на квалитет, а не на подобност
Ленче Ристоска се огласи со реакција откако премиерот Христијан Мицкоски синоќа во интервјуто на Канал 5 рече дека од четирите кандидати за државан јавен обвинител за кои Советот на јавни обвинители даде позитивно мислење, на владината листа се три имиња, а меѓу нив не е и бившата обвинителка од СЈО.
Иако законската процедура налага Владата да ги разгледа записниците од Советот на јавните обвинители пред да донесе одлука, премиерот Христијан Мицкоски во телевизиско гостување на Канал 5 прејудицираше дека Ленче Ристоска „апсолутно не е во игра“.
Професионалците во системот мора да знаат дека нивниот труд и стручност се единствената валута што треба да одлучува. Во спротивно, ризикуваме да испратиме порака дека без разлика на компетентноста, подобноста е примарна — а тоа не е патот по кој треба да се движи едно демократско општество.”, официјално реагираше Ристоска со допис до медиумите.
Советот на јавните обвинители вчера даде позитивно мислење за четворица од петте кандидати за државен јавен обвинител. Позитивно мислење добија сегашната в.д. државна јавна обвинителка Анита Тополова-Исајловска, обвинителката Ленче Ристовска, судијата од Кривичниот суд, Ненад Савевски, и обвинителката од скопското Обвинителство, Лидија Раичевиќ. За кандидатурата на Владимир Панчевски едногласно одлучи дека тој не ги исполнува условите предвидени со законот во однос на работниот стаж.
