Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ристо Пенов започна со работа на терен, го посети Дојран

Ристо Пенов започна со работа на терен, го посети Дојран

Новиот министер за локална самоуправа Ристо Пенов денеска го посети Дојран, а гостин му беше на градоначалникот Анго Ангов со кого се разговарало за проблемите со кои се соочува градот.

„Прекрасно саботно утро покрај Дојранското езеро заедно со новиот министер за локална самоуправа Ристо Пенов. Неформална средба на која разговаравме на повеќе теми и проблеми со кои се соочуваме, но и начините на кои истите ќе ги надминеме. Сложни сме дека Дојран има огромен потенцијал и истиот треба да го искористиме, сложни сме дека заедно мораме да го издигнеме ова туристичко место на уште повисоко ниво, но да започнеме најпрво од решавање на најгорливите проблеми со кои се соочуваме. Благодарност до министерот за безрезервната поддршка“, објави Ангов на Фејсбук.

Претходно, Пенов откако беше назначен за нов министер имаше и средба со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, по која спомена дека се разговарало за најгорливите проблеми и заеднички програми како и за институционалното подобрување на односите. 

Слично

Поврзани вести