Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ристо Пенов: 222 прекршоци за Преспанскиот договор

Ристо Пенов: 222 прекршоци за Преспанскиот договор

Министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов, во емисијата „Студио 10“ на ТВ24 претпладнево кажа дека до сега има 222 евидентирани прекршоци за непочитување на Преспанскиот договор.

Според она што го кажа поранешниот градоначалник на Скопје и претседател на ЛДП, најмногу станува збор за непрописно поставување на знамето од Кутлеш и за непримена на новото уставно име.

„Имав средба со амбасадорката на Грција. Во делот на локалната самоуправа имаме 222 прекршока на „Преспанскиот договор“ во смисла знаме на Вергина, не сменето име и тн. Ние четири години бевме блокирани, не можевме да мрднеме. Никој не ни ја отвори вратата. Ние сами треба да си го сработиме и да го отвориме патот кон напред. Треба да престанеме со тоа „Никогаш Серна“, да престанеме да мафатаме со знамето на Вергина, кое јас прв пат го видов деведесет и прва година. Каква традиција тоа ми враќа? Кога се појави Тодор Петров и го појави тоа знаме јас имав 34 години, а дотогоаш го немав видено а ги имав поминато сите степени на обрaзование“,рече Пенов.


Слично

Поврзани вести