Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ристиќ: Власта да ни го врати Никола Груевски и да го стави зад решетки

Ристиќ: Власта да ни го врати Никола Груевски и да го стави зад решетки

Актерката Ирена Рисиќ вечерва на протестот пред Владата поради бегството на поранешниот премиер, Никола Груевски порача дека бара власта да го врати во Македонија.

„Барам од оваа власт да ни го врати Никола Груевски и да го стави зад решетки како што ни вети. Ве молам да се усериозите и да си ја бркате работата онака како што ветивте. Ја замолувам власта да не се однесува како ние да се вклучуваме во седма сезона од серијава, зашто ние ја гледаме од старт и да не го третира Груевски како секој обичен граѓанин, па тој наеднаш да го снемува, никој да не знае каде е, па на крај сам да ни се јави дека е во Будимпешта“, вели Ристиќ.

Граѓаните бараат одговорност од надлежните. 

Слично

Поврзани вести