Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ристевска Јорданова: Уставните измени се само дел од барањата на Бугарија, која и во иднина ќе нè блокира

Ристевска Јорданова: Уставните измени се само дел од барањата на Бугарија, која и во иднина ќе нè блокира

Според екс директорката на Институтот за европска политика, Малинка Ристевска Јорданова која синоќа гостуваше во емисијата „24 Отворено“ на „ТВ24“,  уставните измени се само дел од барањата на Бугарија, која и во иднина ќе нè блокира.

Таа рече дека уставните измени се само дел од бугарските барања кои не се изменети од 2019 година. 

„Проблемот е во тоа што Бугарија не го признава постоењето на македонскиот народ и идентитет и тоа се повторува“, вели Ристевска Јорданова.

Таа додаде дека и со вметнување на Бугарите во Уставот на Македонија, не постои гаранција дека ќе прекинат барањата на Бугарија.

Во следните неколку месеци, ќе се реализира процесот за уставни измени. ВМРО-ДПМНЕ смета дека тие нема да поминат. Бугарија бара внесување на Бугарите во Уставот, а САД предупреди дека ако тие не се случат, тоа ќе има последици по односите со нашиот стратешки партнер. СДСМ вели дека ВМРО-ДПМНЕ треба да одлучи дали е за евроинтеграција или останува со Левица. 

Слично

Поврзани вести