Ристески: Тим за санкции влегува само во Авганистан и во Македонија
Тим за санкции влегува само во Авганистан и во Македонија, навистина е поразително, изјави вечерва во Топ тема, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески.
„Дојдовме до ситуација да ни доаѓа од надвор „камшикар“ за борба против криминалот и корупцијата. Тие не доаѓаат да се справуваат со шалтерски рабтници, тие тимови корупцијата ќе ја бараат во највисоките ешалони на власта“, истакна Ристески.
Снежана Калеска-Ванчева, пратеничка од СДСМ вели декам САД ни се стратешки партнер и тоа не е пораз, туку помош.
Но, тимот си заминал од Македонија, потврдија од американската амбасада.
Слично
