Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ристески: Со едно вкрстување на податоци лесно може да се докажат злоупотреби на Онкологија

Ристески: Со едно вкрстување на податоци лесно може да се докажат злоупотреби на Онкологија

Со едно вкрстување на податоци лесно може да се докажат злоупотреби на Онкологија, вели екс директорот на Клиниката за онкологија, доктор Милан Ристески. 

Тој во денешното гостување на телевизија Алфа рече дека не е точно дека е невозможно да се докажат евентуалните злоупотреби на Клиниката за онкологија. 

„Тешко ми е да прифатам дека ова се случувало. Тоа политичко вработување на луѓе си го направи своето. Кога политиката ќе влезе во здравството, тогаш се случуваат вакви работи. Ревизијата беше насочена кон материјално економскиот извештај, а не кон медицинскиот. ОЈО требало уште одамна да реагира, ревизијата е изработена во 2022, а сега сме 2023 година“, рече Ристески.

Тој објасни дека многу ретко кој лек во онкологијата е готов, спремен за употреба туку лековите доаѓаат во вијали и потоа зависно од параметри на пациентот треба да се модифицираат во доза. Граѓаните вчера и завчера протестираа по скандалот дека вработени на онкологија, лековите на „црно“ ги продавале на Косово. 

Основното јавно обвинителство Скопје информира дека заедно со  Министерството за внатрешни работи се превземаат мерки за проверка на наводите изнесени за работењето на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија.

Слично

Поврзани вести