Економија, финансии, бизнис

Контакт

Римац: Работниците имаат поголеми плати од мене

Римац: Работниците имаат поголеми плати од мене

Претприемачот Мате Римац кој има компанија вредна милијарда куни вели дека работниците му се на прво место и дека имаат повисока плата и од него. 

Римац смета дека така треба да биде во сите нормални компании. 

„Имаме 250 луѓе од 16 националности, спречуваме Хрватите да одат надвор од земјата. Вработуваме Американци, Германци, Австралијанци, Ирци, а нашите луѓе одат во тие земји. Работничките права се во фокусот и се трудиме да бидеме врвни“ - вели Римац. 

Римац вели дека како дете живеел скромно, а татко му работел во Германија. 

Во 2000 година се вратиле во Германија. 

За себе раскажува дека отсекогаш сакал да се занимава со автомобили и да прави иновации. 

Римац додава дека ако седум часа и тоа четири години читате за една област, тогаш ќе бидете во 1% од најдобрите луѓе во таа бранша. 

Додава дека наутро доаѓа на работа, до 18 часот има состаноци, а си оди во 22 часот. Тоа е неговата визија за која вели дека бара многу одрекувања. 

Слично

Поврзани вести