Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рикер за ветото на Макрон: Некои водачи на ЕУ имаат поглед за Балканот од 19 век

Рикер за ветото на Макрон: Некои водачи на ЕУ имаат поглед за Балканот од 19 век

Помошникот на државниот секретар за европски и евроазиски прашања Филип Рикер ја критикуваше позицијата на некои лидери на ЕУ денес, откако на Македонија и Албанија им беше одбиен датумот за почеток на преговорите со Унијата.

Рикер во интервју за Радио Слободна Европа на српски рекол дека некои водачи на ЕУ имаат „поглед на Западен Балкан од 19 век“.

Тој истакнал дека Соединетите држави се разочарани од одлуката на европските лидери за Скопје и Тирана, додавајќи дека европската перспектива на оние земји што сакаат да бидат дел од ЕУ е клучна компонента на надворешната политика на САД.

„Очигледно, ние не сме членка на Европската унија, но ние го поддржуваме тој идеал, програми за помош и нашата дипломатија ги поддржува реформските напори што ги презедоа овие земји. Сметаме дека е во најдобар интерес на државите, регионите и Европа и е разочарувачки што одредени лидери имаат поглед на Балканот од 19 век“, посочува Рикер.


Слично

Поврзани вести