Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рикер: Покажете им на граѓаните дека никој не е над законот

Рикер: Покажете им на граѓаните дека никој не е над законот

Треба да  обезбедите истрагите да бидат транспарентни, бидејќи како што потенцира, граѓаните го почитуваат тоа. Треба да и се покаже на јавноста дека владеењето на правото е од клучно значење и никој не е над законот.

Ова е дел од праките кои денеска на заедничка прес конференција со премиерот Заев,  в.д. помошникот државен секретар на САД за Европа и Евро-Азија, Филип Рикер .

Тој кажа дека во САД со восхит се гледа на она што Македонија го направила.

-Преку Преспанскиот договор покажавте пример за храбри решенија на проблемите и способност за придвижување напред кон позитивна и светла иднина. Во тој дух земјата треба да продолжи, а опозицијата да се вклучи во процесите. Земјата треба да овозможи владеење на правото и да покаже дека никој не е над законот-кажа Рикер.

Тој посочи и дека очекува наскоро на Самитот во Лондон земјава да стане 30-та членка на НАТО а на есен да го добие датумот за преговори со ЕУ.

Слично

Поврзани вести