Рибарев поднел оставка во Кривичен
В.Д. Претседателот на основниот суд Скопје 1, Стојанче Рибарев вчера поднел оставка, потврдуваат од Судскиот совет.
Тој доставил писмено известување до Судскиот совет дека поднесува оставка и по неговото разрешување бара да продолжи да ја извршува функцијата судија на Врховниот суд.
Рибарев навел дека причините за поднесувањето на оставката се од лична природа.
Судскиот совет во најкраток можен рок ќе закаже и одржи седница и ќе одлучува во рамките на своите законски надлежности.
Слично
