Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рибар пронајден мртов во Вардар кај Неготино

Рибар пронајден мртов во Вардар кај Неготино

Телото на 66-годишен маж од Неготино било пронајдено во водите на реката Вардар, кај селото Црвени Брегови, информира МВР.

Според полицискиот билтен, на 3 јули во 15:55 часот во ОВР Неготино, 42-годишен жител на Неготино пријавил дека се сомнева оти неговиот татко, Ј.К. на возраст од 66 години, паднал во реката Вардар откако претходно заминал на риболов.

Пријавителот навел дека неговиот татко бил недостапен, а кога тргнал да го бара, пронашол дел од риболовната опрема во реката.

По пријавата, полициски службеници од ОВР Неготино, Територијалната противпожарна единица Неготино, Дирекцијата за заштита и спасување и други лица започнале потрага. Околу 20:00 часот телото било пронајдено и извлечено од водите на Вардар.

Лекар од Итната медицинска помош во Неготино констатирал смрт без траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.


Цело соопштение:

На 03.07.2026 околу 20:00 часот во водите на реката Вардар, во неготинско, пронајдено е телото на Ј.К. (66) од Неготино. На 03.07.2026 во 15:55 часот во ОВР Неготино, Ѓ.К.(42) од Неготино пријави дека се сомнева дека неговиот татко Ј.К.(66) од Неготино, кој заминал на риболов, паднал во реката Вардар, кај село Црвени Брегови, неготинско, затоа што бил недостапен, а кога тргнал да го бара дел од опремата за риболов пронашол во реката. Веднаш од страна на полициски службеници од ОВР Неготино, Територијалната противпожарна единица Неготино, Дирекцијата за заштита и спасување и други лица се преземени мерки за пронаоѓање на Ј.К., по што околу 20:00 часот било пронајдено телото и извлечено од водите на реката Вардар. Лекар од Итна медицинска помош Неготино констатирал смрт без траги на насилство и по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

Слично

Поврзани вести