Рибар падна и се удави во Вардар
Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден рибар се удавил во водите на реката Вардар откако паднал во истата додекал местел мрежи кај гевгелиското село Миравци.
Во 15.40 часот било пријавено дека во близина на Миравци на местото викано „Три тополи“, В.Ѓ.(56), паднал во водите на реката и потонал додека местеле мрежи заедно со В.М.(19), кој исто како и починатиот бил од истоименото село.
Во 19.15 часот тој бил понајден и извлечен од реката. Од страна на лекар од Итната медицинска помош Гевгелија била констатирана смрт. Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од Полициската станица Гевгелија. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.
Слично
