Економија, финансии, бизнис

Контакт

„РЕЗУЛТАТОТ НЕ Е ПОСАКУВАНИОТ, НО СЕПАК...“: Шукова за прво обраќање откако не влезе во вториот изборен круг

„РЕЗУЛТАТОТ НЕ Е ПОСАКУВАНИОТ, НО СЕПАК...“: Шукова за прво обраќање откако не влезе во вториот изборен круг

Кандидатката на СДСМ за градоначалничка на Град Скопје, која заврши како четврта во првиот круг и не влезе во трката за градоначалничката фотелја во втор круг преку Фејсбук се заблагодари на сите граѓани кои излегоа да гласаат, но и на својот тим и поддржувачите.

„Им благодарам на сите граѓани кои излегоа и го искористија своето демократско право на глас. Учеството на граѓаните во изборниот процес е темел на здраво општество што се стреми кон напредок и одговорност. Резултатот не е оној што го посакувавме, сепак горда сум на кампањата што ја водевме, чесно, транспарентно и со јасна визија за развој и подобар живот за сите жители на Скопје. Му благодарам на мојот тим, на сите поддржувачи за посветеноста и професионализмот. Во овој изборен процес покажавме дека заедно можеме да градиме политичка култура заснована на почит, дијалог и идеи. Без разлика на изборниот резултат, јас ќе продолжам да работам за јавниот интерес и за вредностите во кои верувам со истата одговорност и посветеност. На сите кандидати кои продолжуваат во вториот изборен круг им посакувам фер, достоинствен и демократски натпревар“, напиша Шукова на Фејсбук. 

Таа освои 26.720 гласови или 11,50 проценти и остана зад кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, но и зад кандидатот на Влен, Башким Бакиу.


Слично

Поврзани вести