Економија, финансии, бизнис

Контакт

Резултатите за загаденоста на Струмица не се веродостојни?

Резултатите за загаденоста на Струмица не се веродостојни?

Поради информациите за енормното загадување во Струмица со ПМ10 честички, од  Општина Струмица информираат дека мерната станица за загадување на воздухот во моментот е во пробна работа и затоа параметрите добиени во овој период не треба да се земаат предвид.

„Конкретно заради транспарентност и отчетност, а сè со цел заштита на животната средина, во соработка со Министерството за заштита на животната средина и просторно планирање на Република Македонија, инсталиравме мерна станица за мерење на загадувањето на воздухот. Мерната станица за загадување на воздухот во моментот е во пробна работа и затоа параметрите добиени во овој период треба да не се земаат предвид. По завршувањето на сите активности како што се баждарење и калибрирање на инструментите во самата мерна станица, ќе можеме со сигурност да ги следиме отчитувањата и да сме сигурни дека загадувањето на воздухот на територијата на Општина Струмица е на повисоко ниво од дозволеното“- објаснуваат од Општината.

Од анализите е утврдено дека загадувањето на воздухот е највисоко во зимскиот период, а тоа произлегува од домаќинствата и одредени големи потрошувачи кои употребуваат несоодветни фосилни горива (иверка, стар мебел, моторни масла, прехранбено масло, пластика, гуми и други несоодветни горива) за загревање на просторните капацитети.

Локалната власт најави дека инспекциските служби засилено ќе го набљудуваат теренот и ќе вршат контроли.

Претходните денови имаше информација дека Струмица е позагадена од Скопје. 

Скопје деновиве изби на трето место на листата на најзагадени градови во светот. 

Слично

Поврзани вести