Резолуцијата која ќе ги утврди црвените линии веќе е поднесена во Собранието
ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе Резолуцијата во Собранието.
Се предлага преговорите да се водат на рамноправна основа, македонскиот јазик и идентитет да имаат свој просторен и временски континуитет, да се почитува безусловно слободно изразената волја на македонскиот народ, македонскиот идентитет да го црпи својот легитимитет од повеќевековните традиции како и да се применуваат позитивните и општприфатени меѓународни конвенции и декларации на Обединетите нации за правотот на самоопределување.
Резолуцијата ја поддржаа најголемата владејачка партија СДСМ и помалите партии ЛДП, Левица, Демократскиот сојуз, ДОМ и Социјалистичката партија. ДУИ бара корекција на текстот и сте партии да ја усогласат содржината.
Слично
