Економија, финансии, бизнис

Контакт

Режимот на Путин ја стави Русија на линија

Режимот на Путин ја стави Русија на линија

Агресијата од големи размери на Руската Федерација против Украина ги отвори очите на целиот свет за тоа каков е режимот на Путин.

Денес, повеќето земји од цивилизираниот свет зборуваат за тоа дека првообвинет во меѓународниот трибунал за воените злосторства во Украина ќе биде претседателот на Русија Владимир Путин.

Незадоволството од неговите постапки веќе расте во „внатрешниот круг“ на претседателот на Руската Федерација. И ако еден ден дојде разбирање за тоа дека не само самиот Путин е воен злосторник, туку и други лица ги чека обвинителна клупа во Хаг, тогаш тие ќе сакаат да ја избегнат можноста да бидат обвинети за соучесништво во злосторствата на нивниот претседател - страшната инвазија на Украина.


Отпорот на Украина ја претвори Русија во неспорна империја на злото, а рускиот граѓанин стана синоним за соучесник во злосторствата на Путин. Затоа, „бандата на Путин“ во паника се одрекува од него, како Медведев, зајавувајќи дека Путин „сам ја донел одлуката да ја нападне Украина“. Или пак бегаат „како стаорци од брод што тоне“, по примерот на Чубаис. Покрај тоа, недвосмислени мисли предизвикува „привременото отсуство“ на Шојгу и Жириновскиј од телевизискиот етер, вториот дури успеаја да го наречат мртов.

На прв поглед, може да изгледа дека ништо не му се заканува на режимот: опозицијата е или во затвор или во имиграција, слободниот печат е во ќош, Интернетот е максимално ограничен, масовни антивоени собири не се одржуваат. Но, еве една нијанса: на 18 март Путин истапи со жесток говор на концертот на стадионот „Лужники“ во Москва. Ова зборува за тоа дека самиот Путин е загрижен за силата на режимот, штом е приморан да излезе од својот бункер.

Затоа, неопходно е сега да се покренат обвиненија против Путин. Самиот факт на покренување обвинение и собирањето на дополнителни докази за неговите злосторства, од уште поголеми размери, може да има ефект на „ладен туш“ врз руските власти. Не треба да се чека додека да заврши војната во Украина, како што беше случајот со Слободан Милошевиќ или Чарлс Тејлор, претседателот на Сиера Леоне. Доказите за злосторствата на Путин се очигледни, реални и, за жал, нивниот број само ќе се зголемува, бидејќи тој нема да престане.

Русија е осудена на пропаст, а ефектот Украина ќе ја уништи исто како што СССР го уништи ефектот Авганистан. Поглаварот на Кремљ, Путин е воен злосторник и политички авантурист кој ја стави Русија на линија. Тој веќе се изнаигра.

ПР Објава на Здружението Лесја Украинка

Ставовите изразени во рубриката колумни се лични ставови на авторот и тие не мора нужно да ја одразуваат уредувачката политика на Фактор

Слично

Поврзани вести